Со хуманитарни летови ќе се извлекуваат македонските граѓани заглавени во други држави

Државата со хуманитарни летови ќе ги враќа во земјава македонските граѓани кои се загалавени во трети змеји, но кога ќе се вратат ќе мора да поминат одреден број денови во карантин. Владата ги задолжи МНР и Министерството за транспорт и врски да подготват посебен план за хуманитарни летови за граѓаните кои се надвор од земјава, а кои поради мерките на другите држави не можат да се вратат назад. Законска обврска на овие граѓани ќе биде кога ќе се вратат да поминат соодветен број денови во карантински услови за нивна и за безбедност на сите останати граѓани.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ