Со хуманитарен лет 118 македонски граѓани се враќаат од Малта

Од Малта во земјава денеска се враќаат 118 македонски граѓани. Повратниците се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио превозот, додека задолжителниот 15 дневен карантин којшто беше еден од условите за нивна репатријација, е на товар на државата, соопшти МНР. Од таму информираат дека во духот на добрата регионална соработка, на овие летови  ќе бидат превезени и девет странски државјани, четири од Хрватска и од Црна Гора и еден од Косово. Во попладневните часови ќе бидат превезени и македонски граѓани од Загреб.

МНР информира дека продолжува со напорите за помош при враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани без регулиран престој во странство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ