
Со дополнителни хонорари Мицкоски станал сопственик во хидроцентралите – не открива кому ги продал уделите
Во бизнисот со хидроцентралите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски влегол со пари кои ги заработил како дополнителни хонорари работејќи на проекти пред да биде дел од политиката, ова за Топ Тема вчера го изјави Мицкоски.
Сега веќе се повлекол од бизнис. Уделот во хидроцентралите го продал за сума од 70.000 до 80.000 евра , но дополнително новиот купец ги превземал и кредититите во банките. Сепак, Мицкоски посочи дека не се сеќава колку е вкупната сума за која ги продал уделите во хидроцентралите, вклучувајќи ги и обврските кон банките.