
Со договор меѓу власта и опозицијата Зоран Анѓеловски е избран за прв човек на ОТА
Без дискусија со договор меѓу власта и опозицијата е изгласан Зоран Анѓеловски за прв човек на Оперативно техничката агенција во иднина задолжена за прислушкување на граѓаните. Анѓеловски е поранешен разузнавач во управата бил од 98 ма па се до 2005, каде бил главен инспектор за тероризам, во дирекцијата за оперативни работи и раковдител за стратегиски истражувања а бил и во т мобиле како директор за корпоративна безбедност.
Работел и во скопската подружница на градежната фирма на Алпина Бау а од 2014 та е консултант во консеко арт. Тој на оваа позиција доаѓа како резултат на политичкиот договор меѓу партиите, но според премиерот Зоран Заев сепак е професионален кадар. Избран е во конкуренција на 14 тмина кои се пријавија на јавниот оглас за оваа позиција.
Меѓу нив беа и професорот Стефан Буџаковски, поранешниот контраразузнавач Ѓорѓи лазаревски кои ги предаде прислушкуваните разговори на СДСМ, експертот по сајбер криминал Димитар Богатинов, полковник Ковачки но најчесто се споменуваше името на поранешниот министер за внатрешни работи Силјан Аврамовски.
На партиите им требаше подолго време да се договорат за првиот човек на агенцијата па се одолговлекуваше и изборот. ОТА е дел од пакетот реформи во безбедноста на системот за следеже на комуникациите. Експертите велат дека сепак тие мора да продолжат без политички влијанија.
Инаку Агенцијата ОТА нема да има пристап до разговорите што ќе се прислушуваат туку само ќе ги поврзува УБК и операторот и тоа по налог на обвинителствата. Доаѓа после големиот скандал со масовните незаконски прислушкувања на илјадници граѓани. Изборот на директор ги проби сите рокови, со 2/3 мнозинство ќе треба да биде изгласан во собранието, по што ќе мора да се изготви кадровско решение за агенцијата. Очекувањата беа дека ќе почне да работи од први ноември но можно е одолговлекување.
Билјана Николовска