
Со буџетски пари државата ќе го поттикнува производството на струја од сонце
Државата со буџетски пари ќе субвенционира производство на струја од соларни електрани. Со пропишани јасни процедури за тоа на кој начин ќе се делат овие пари, Владата сака да го избегне субјективниот фактор, кој велат постоел при одредувањето кој може да гради соларни електрани од Регулаторната комисија.
„Поддршката ќе биде на база на премиум тарифата, сите инвеститори својата струја ќе ја продаваат на слободниот пазар, а од државата ќе бидат помогнати со премиум, плаќање на крајот на годината за да овие проекти бидат поисплатливи“, вели Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања.
Инвеститорите кои нема да мора да исполнуваат многу строги критериуми, меѓу себе ќе конкурираат на електронски аукции, со тоа што субвенциите ќе ги добијат тие што ќе бараат најмалку пари.
Првиот модел е да се гради на државно земјиште, одбрани се локации во Свети Николе и Македонски брод. Државата на фирмите ќе им помага не за изградбата на централите, туку ќе им го додели земјиштето на долгорочен закуп, а бидејќи најголем проблем за нив е како да дојдат до градежна дозвола, таа ќе им помага за да им го олесни решавањето на сите урбанистичките проблеми. Ќе преговара со операторот на дистрибутивната мрежа, за инвеститорот да нема додадтни трошоци.
И фирми што имаат свое земјиште или го зеле под закуп, кои ќе покажат дека имаат право на сопственост или користење, ќе може да аплицираат за градеење на соларна електрана. И тие ќе конкурираат со барање на најмала субвенција.
Се внимавало да не се уништува квалитетно земјоделско земјиште.
На овој начин државата сака да се изградат фготоволтаични електрани кои би давале 62 мегавати, наспроти досега поастоечките само 18,4 мегавати. Намерата е да се дојде до 200 мегавати инсталирана снага во фотоволтаични електрани. Тоа ќе обезбеди струја колку што трошат околу 150 илјади домаќинства, а нејзината вредност се проценува на околу 20 милиони евра. За овој капацитет се очекува дека товартот на буџетот би бил околу 3 до 4 милиони евра, но овие субвенции со тек на време ќе се намулуваат, бидејќи поевтинува изградбата на централите. Вицепремиерот тврди дека во цел свет се субвенцинора овој извор на енергија.
„Ако добиеме пропсечна цена на премиуми од 10 евра за мегават час, за 200 мегавати, товарот на буџетот нема да биде поголем од 3 до 4 милиони евра на годишно ниво, да оставиме праксата да покаже“, вели вицепремиерот.
За инвеститорите кои нема да можат сами да ја продадат оваа струја на слободниот пазар, државата ќе обезбеди откупувачи, а таа струја ќе остане во државата. Фирмите да не мислат на лобнирање,.туку да се подготват да настапат конкурентно, порача вицепремиерот. Тој немаше прецизен одговор колку проценти досега земјава има од обновливи извори на енергија, само кажа дека со сегашната инвестиција тоа двојно ќе се зголеми.
Нина Нинеска Фиданоска