Со „Амин“ на Општина Кисела Вода од 2016-тата никнуваат станбени згради и во слепи улици

За што гласал советот на Општина Кисела Вода во 2016-тата, деновиве штетата на сопствена кожа го почуствуваа 16 староседелци. Врвулица од камиони го изнесуваат шутот од старата куќа за да може новиот инвеститор да изгради стaнбена зграда со дури 16 станови. Кога чуле не им се верувало на соседите дека во слепата уличка „Пржино“ широка едвај 3 метри ќе никне 8 метри висок објект со 16 станови, 16 автомобили и 16 приклучоци на фекалната и водоводната мрежа.

Деновие се во протест, а револтот им е преточен во транспaренти закачени пред секој дом. Кога соседот на чијшто имот ќе се гради му честитале за градбата немале сомнеж дека некој во општината вцртал 4 парцели од 120 метри кваадратни со два ката и призмје и вкупна квадратура на становите од 1300 метри квадратни. Кој впишал две градежни парцели на еден имот без пристап до улица, е прашање по кое талкаат во општинските ходници.

Се сретнале и со градоначланикот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски којшто посочил дека ова не е единствен случај во Општината, дека вакви случаеви има на повеќе места и дека Општината се плаши од тужби од страна на инвеститорите.

И жителите и Телма којашто испрати прашање се уште го чека одгoворот дали овој план ќе добие градежна дозвола или ќе трпи измени. Улицата е „Прижино“ е сосед на улицата „Пандо Ќлашев“ каде што се урна потпорен ѕид, март годинива, а со себе повлече и уличка, и остави стравување кај жителите дека во населбата се градат опасни и небезбедни градби.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ