
Со аменстијата преполовен бројот на обвинети за крвавиот четврток
Процесот за крвавиот четврток преполовен. Од 33 -ца обвинети остануваат 18 на обвинителна клупа. 15 добија амнестија, 13 извисија, еден е адвокатот еленко Миланов кој исто така не е амнестиран а за да ги докаже непрецизностите во законот побара амнестија иако не е обвинет. Со ова на 15 јануари судењето ќе продолжи со Игор Дурловски, Митко Чавков, Душко Лазаров, Јане Ченто и Игор Југ кои не ни бараа амнестија. Оние пак кои се обидоа, а не ја добија се најголем дел припадници на МВР и на патриотските здруженија како и оние кои биле со фантомки. Амнестија пак добија петтемина пратеници, тројца од четворицата од иницијативата „За заедничка Македонија“, вработените во кабинетот на Трајко Вељановски, оние кои први открија детали за организацијата на крвавиот четврток и двајца од оние кои биле со патриотските здруженија. Адвокатот на Александар Василевски Нинџа вели дека токму ваквата распределба на тоа кој ќе биде амнестиран, а кој не докажала дека законот е селективен.
Сега тече рокот од три денови за жалба пред повисок суд а тоа е апелацискиот. Во понеделник е последниот ден кога ќе може да се поднесат жалбите па речиси сите одбиени најавуваат дека тоа и ќе го сторат. Тоа им е и последната шанса некој од нив да добијат амнестија.
Инаку од затворот во Шутка потврдуваат дека Илија Славевски и Митре питроповски за кои имаше позитивни решенија уште пред два дена, вчера вечерта се пуштени на слобода бидејки беа во притвор. Се очекува и останатите кои вчера добија амнестија а се во куќен притвор да излезат на слобода. Инаку најголемиот процес во кој сите се обвинети за Терористичко загрозување на уставниот поредок е во завршна фаза. По празниците ќе продолжи и на ред се завршни зборови на обвинителката Вилма Русковска. Таа најавува дека делото нема да се преквалификува и ќе остане исто, но можно е на дел од обвинетите да им се додаде уште едно доколку отвори истрага за организаторите.
Билјана Николовска