
Снимките од телефонските разговори на вештачење
Телефонските централи со опција за снимање, и натаму им задаваат проблмеи на многуте институции кои ги имаат и проверуваат дали биле снимани разговорите на фиксен телефон. Без таков проблем се само оние што или немаат внатрешна телефонска мрежа како СЈО или пак имаат стари телефони, од пред-дигиталното доба како што се во судскиот совет.
Истражителите не успеале на лице место да утврдат дали се снимале разговорите и на обвинителите за организиран криминал и корупција кои се на друга локација. Со судски налог одземени се хард дисковите и од тркалезната зграда на ЈОРМ и од организиран криминал и ќе бидат вештачени. Дека треба да се истражи и да се открие за што се користени снимените разговори по фиксна телефонија на обвинителите и службениците, сметаат сите експерти.
На брзина отворениот скандал со снимање на разговори во обвинителството и во кривичниот суд само ја дополни лошата слика која граѓаните ја имаат за двете институции. Се помалку доверба имаат во нив, а според поранешната судијка во Стразбур- тоа се должи и на лошата работа во правдата поради слабостите во системот таложени со години но и поради неинформираност на граѓаните.
Денеска заедно со Караџовски разговараа и за одговорноста на судскиот совет, нешто што со години беше табу тема. Првичниот предлог е на одговорност да се земе судија-член на советот откако 25-мина негови колеги ќе го побараат тоа, но Караџовски смета дека после такво разрешување, членот на советот треба да се врати во судиската тога, иако останатите колеги веќе го прогласиле за неодговорно и незаконско постапување.
Миомир Серафиновиќ