Снимките од „Поткуп“ каде обвинет е Заев, пред судот на јавноста

Наместо зад затворени врати, снимката од посебните истражни мерки за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Заев, ќе се разгледува како доказ пред јавноста. Вака одлучи Скопскиот кривичен суд на барање на Заев, иако надлежниот обвинител сметаше дека снимката која е доказ не смее јавно да се покажува бидејќи станува збор за посебна истражна мерка.

Во случајот „Поткуп“, Заев како поранешен градоначалник на Струмица е обвинет за барање поткуп во висина од 200 илјади евра од струмички бизнисмен. Дел од видеото беше објавено на Јутјуб, но одбраната на Заев и денеска потврди дека тоа јавно објавување на дел од истражни мерки имало за цел политичка егзекуција на Заев.

Актуелниот премиер пак смета дека видео снимката влијаела на неговиот чест со монтирањето и јавното објавување на еден дел поради што смета дека со целата снимка ќе се даде сосема поинакво значење на случајот.

„Видео снимката која влијаеше многу на мојата чест, углед и на приватноста да биде јавно презентирана од причина што се гледа дека на двапати е пресечена токму во во моментите каде впечатокот е целосно различен од тоа што е прикажано во јавноста“,

Случајот „Поткуп“, МВР и обвинителството за организиран криминал го објавија вечерта на 10-ти март 2015-та година, неполн час пред СДСМ во Универзална сала да го објави 8-от сет од таканаречените бомби. ВМРО-ДПМНЕ оттогаш тврди дека случајот е доказ за корупцијата на Заев, додека тој тврдеше дека е наместен од бизнисмен кој сакал да донира за црква, а се плашел од ВМРО-ДПМНЕ.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ