
Снимките од ПИ-мерките ќе бидат доказ во „Поткуп“
„Поткуп“ е монтиран случај а обвинението е бесмислено и полно со грешки и злобни намери рече премиерот Заев, кој се изјасни дека не се чувствува виновен. Најави дека ќе докаже дека целата постапка за откуп на државно земјите од бизнисменот, кој е сведок против него, била законска и дека се работело за собирање на донации за изградба на соборниот храм во Струмица.
На истото обвинение остана и новата обивнителка Валентина Бислимовска која велезе во предметот откако на претходниот обивнител, Владимир Милошевски советот не му го продолжи мандатот во обвинителството за органзиран криминал. Рече дека Заев како градоначалник на Стурмица со умисла се обидел од сведокот, бизнисменот Иван Николов да добие имотна корист од 160.000 евра за откуп на градежно земјиште.
„Обвинетиот му кажал на сведокот да започне постапка пред надлежните органи ветувајки му дека ке издејствуваа да се заврши постпакта и побарал подарок 2 евра за 1 метар квадратен за земјиштето со вкупна површина од 71 962 метри квадратни- 1 евро за себе а 1 евро за наводна градба на црква во Струмица“, рече обвинителката Бислимовска.
Адвокатите на Заев најавија дека ќе докажат дека целата постапка за приватизација на земјиштето се водела согласно прописитите дека Заев не примил ниту ветување, ниту подарок а сведокот не дал ниту денар за црквата.
И новите судии го одбија предлогот на адвокатите на Заев да се издвојат ПИМ односно снимките кои се појавија на социјалните мрежи. Снимките биле обезбедени на законит начин и можат да се користат како доказ во судската постапка рече судијата Дарко Тодоровски. Заев побара да може јавноста да ја види во целост, заедно со деловите кои биле извадени од верзијата што протече во јавноста.
Елена Ивановска Мукоска