Снегот го отежнува сообраќајот на патот Дреново-Прилеп, Плетвар и Стража

Поради обилни врнежи од снег од 17:00 часот патниот правец  Дреново – Прилеп е затворен за сообраќај на тешки моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Претходно забрана за сообраќај на камиони беше воведена на планинските премини Стража и Плетвар.

По целосната блокада на сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка,  од 17 часот патот е пуштен наизменично за сообраќај.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ