Снег на повеќе патишта, сообраќајот без проблеми

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, додека во западните и југозападните делови од државата коловозите се претежно влажни.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Гостивар, Стража, Маврово, Крушево, Делчево и Буково. Во Дебар врнежите се од дожд и снег. Овие врнежи засега не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ