
Снег на дел од патиштата, сообраќајот без забрани
Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Гостивар, но во моментов не претставува пречка за одвивање на сообраќајот, информира ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипи на „Македонија пат“.
Во североистичните и источните делови коловозите се влажни. Во централните и јужните делови од државата коловозите се претежно суви, информира Автомотосојузот на Македонија.