„Сметајте на нас“, и порача Заев на Европската унија

„Сметајте на нас“ им порача премиерот Зоран Заев на членките на Европската унија, кои во Штип на централната манифестација го одбележуваат денот на Европа. Граѓаните на Македонија ја избраа Европската унија, бидејќи како што рече Заев, веруваат во нејзините вредности.

„Новиот циклус на преговори кој започна на Европската унија со Западен Балкан, најавен од претседателот на Европската Комисја, Јункер е уште еден историски чекор на Европа, кој ќе ја направи унијата уште поголем економски и политички играч на светската сцена. Оттаму, кога велиме дека Европската унија е избор на граѓаните на Република Македонија велиме и дека тоа е избор на економски посилна Европа. Избор за поправедна и побезбедна Европа, која ни припаѓа на нас, на сите нас, рече Заев.

Амбасадорот на ЕУ во Р.Македонија, Самуел Жбогар, кој се обрати на македонски јазик истакна дека славењето на овој 9 мај Денот на Европа е посебен, бидејќи се слави во знакот на пресвртницата, која се случи во Македонија, а која што како што рече од земја, која назадува стана земја, која се движи кон вистинскиот правец.

Тоа го потврдува и неодамнешната изјава на претседателот, Туск дека вербата на Европската унија во целиот регион се обнови благодарение на вашите напори за спроведување на реформи за градење на едно општество за сите, за градење консензус околу националните прашања за јанење на односите со соседите и заедно со Европска унија за справување со предизвикот на миграција“, рече Жбогар.

Според штипскиот градоначалник приклучувањето кон големото европско семејство, од мит стана реалност преку добивање на чистата препорака за почеток на преговорите за членство.

Со сечење на лента се отвори и паркот на Европската унија, каде што во текот на целиот ден членките на Европската унија ќе се промовираат, а граѓаните ќе имаат можност да бидат дел од низа уметнички и спортски настани.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ