Случајот за смртта Калина и Александар тапка во место

5 месеци од трагичната смрт на младите планинари Калина Велевска и Александар Миновски е во предистражна постапка и заплеткан во правни процедури и мегудржавна комуникација на релација Макеоднија Грција. Македонското обвинителство се уште ги чека документите од грчките власти а предметот

„Основното јавно обвинителство Скопје доби известување од Министерството за правда дека испратената замолница за меѓународна правна помош до Република Грција е примена и очекува наскоро да ги добие обдукционите протоколи, записниците и другите списи за настанот. Во меѓувреме интензивно се преземаат други истражни дејствија со цел да се обезбедат вербални и материјални докази“, соопштија од ЈО.

Родителите бараа конкретни чекори и заклучоци од надлежните. Пет месеци по загубата на своите деца го изоделе патот до Кајмакчалан за да ги добијат барем дел добијат одговорите кои ги мачат со месеци а институциите во Македонија и Грција а до сега не ги одговорија. Останува горчливиот вкус во недоумица што точно се случило кобниот 10 февруари пишува во текстот во Нова Макеоднија новинарот Марјан Велевски татко на Калина .

„Двајца млади ги загубија животите на прагот на животот, а истрагата сеуште не излегува со конкретни сознанија. За некои други случаи, под притисок на јавноста, правдата беше брза и решителна. Во случајов не е ниту брза ниту решителна. Одолговлекувањето на случајот само ги зголемува сомневањата дека нешто се сака да се затскрие, некој да се заштити“, пишува Велевски.

Обвинителството не ги известува родителите на Калина и Александар што презема за да ја расчисти смртта на нивните деца велт, во телефонски разговор за телма дел од роднините. И покрај што барале да бидат во тек со постапката и да добиваат информации до сега не биле известтувани за дејствијата што ги преземаат. Сметаат дека тајноста на предистражната постапка не смее да важи за оштетените и се повикуваат на праксата на Европскиот суд за човекови права.

Од обвинителството одговараат дека семејствата на жртвите биле на разговор во обвинителството каде им било соопштено дека во предметот ќе бидат преземени сите  неопходни дејствија. Увид во целиот предмет велат ќе им овозможеле кога тоа ќе биде дозволено согласно Законот за кривична постапка.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ