Случај Ѓавато: Зошто министерството за животна средина градело нови бунари?

Ликвидираното претпријатие Дојранско Езеро изградило уште десет нови бунари во вардарското сливно подрачје кои никогаш не се користени. Непозната е намената на ваквата инвестиција која е направена пред речиси една деценија. Според вработените инвеститор било министерството за животна средина, а тие биле задолжени како да се грижат за безбедноста на бунарите.

За бунарите не се изјасни  министерството за животна средина. Од кабинетот на министерот Нуредини изјавија дека на овие прашања треба да одговори Владата.

Бунарите се на само неколку метри од коритото на реката Вардар, во плодно земјоделско земјиште. Распослани се во должина  од околу еден километар, а повеќето се оставени и без заштитни капаци.

За случајот со Ѓавато веќе има криминална истрага од МВР. Понатамошните истражувања ќе треба да одговорат и овие прашања: Зошто министерството за животна средина градело нови бунари кога нема дозвола да управува со нив, ниту со хидросистемот.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ