Случајот „Шпански скали“ – тема во преговорите за законот за обвинителство

Предистрагата за случајот Шпански скали се уште е отворена во СЈО, ни потврдија од обвинителството. Истовремено другото обвинителство за гонење организиран криминал и корупција веќе е пред крај со истрагата за истиот настан, но за други детали од проджабата на државно земјиште. Случајот Шпански скали е интересен бидејќи постојано се спомнува и како доказ дека истрагите против државни службеници и функционери се водат од политички, а не од правни причини. Опозицијата во преговорите за новиот закон за јавно обвинителство тврди дека тоа е чист политички случај.

Од друга страна во СЈО за Телма, тврдат дека надлежниот обвинител се уште го нема затворено случајот које отворен по разговор од бомбите во кој се слуша како локалните скопски власти одлучуваат комуналиите за Шпански скали да се преполоват и да изнесуваат само половина од предвиденото затоа што станувало збор за поголеми капитални објекти. Поради тоа СЈО отвора предистрага, но во меѓувреме се чека и одлука од управните судови каде инвеститорот АМадеус груп се жали затоа што откако платил комуналии претходната власт ги поништила урбанистичките планови за нивната институција. Шпанските скали како случај беа отворени и во обвинителството за организиран криминал, само две недели пред да биде објавена истрагата за рекетот додека во јавноста се раскажуваа приказните за Коки и Фрики и бизнис жртвите. Но во ова обвинителство предводено од Русковска истрагата не е на локално ниво, туку се осомничени вкупно 11 луѓе меѓу кои и вработени во Министерството за транспорт затоа што не поништиле штетен договор за продажба на 4 парцели на скопскиот плоштад и покрај Вардар под Кале. Штетата е проценета на околу 2 и пол милиони евра, а меѓу притворените се најде и екс министерот Миле Јанакиески и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски кој е вработен во Транспорт и врски.
Извори од оваа истрага тврдат дека таа е пред крај и пред одлука за обвинителен акт, иако речиси три месеци осомничените не се повикани на распит, а анјголем дел од нив се во домашен или затворски притвор. По укинувањето на СЈО, тамошниот предмет кој е отворен може да биде префрлен и во Организиран криминал, но досега нема никаква одлука поврзано со спојување или проширување на случајот Шпански скали.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ