
Случајот ФЕНИ пак на почеток?
Предметот за стечајот на Фени се враќа во судница.Откако велешкиот суд го уважи планот за реорганизација што го подготви швајцарскиот инвестициски фонд Џи Сол, Скопска Апелација ја укина ваквата одлука со што предметот се враќа на повторно постапување и одлучување.
Швајцарскиот инвестициски фонд Џисол кој го зема комбинатот под наем во февруари, и ги откупи неговите долгови со што стана негов најголем доверител, денеска соопшти дека планот за реорганизација на ФЕНИ индустри е веќе ревидиран и дополнет според барањата на судот и е доставен ан повторно разгледување. Од Џи сол тврдат дека се работи за позитивен план кој ветува резултати, план кој е одобрен и од одборот на доверители на ФЕНИ во стечај и од страна на стечајниот управник.Од тмау се надеваат дека стечајната постапка брзо ќе заврши и дека комбинатот ќе проработи со полн капацитет.
„Нема потреба да се троши време за да се комплетира процесот кон обезбедување иднина на фабриката и нејзините вработени. Ги преземаме сите неопходни чекори од наша страна, така што собранието на доверители повторно ќе гласа за планот за реорганизација. Извесно е дека ФЕНИ не смее веќе да губи време на нерешен статус, факт е дека 800 вработени чекаат на трајно вработување и добивање на ветените плати, како и 200 компании од регионот со кои ФЕНИ работи, а сето тоа ќе почне да се исполнува оној момент кога планот ќе биде прифатен и ќе може да започне инвестицискиот процес“ соопштија од ГСОЛ.
Жалбата до апелација ја поднеле доверителите Кунико и Акрон кои се жалат на одлуката на судот да не ја прифати понудтаа на бугасрки Минстрој кој сакаше Фени да го купи за 100 мил евра.
Против планот за реорганизација беше Транспаренси Интернешнл македонија која тврди дека постапката има неправилнсоти а финансовата полиција води истрага како е направен долгот од 67 милиони евра и дали зад раководењето на комбинатот има и кривично дело кое довело до задолжување и стечај.Фени е во стечај речиси една година. Во фабриката работат 800 работници а комбинатот има значаен удел во БДП на државата и во вкупниот извоз.
Вилета Зајкова Стојановска