Случај Маџар телеком: Нон пејпeрот предвидува исплатата на милионски суми за дивиденди

Исплата на 7,5 милиони евра од Маџар телеком кон претставници владата и пријателите од Тетотво содржи доверливиот документ насловен како неофицијален документ од 2005-та година кој обвинителката Лиле Стефанова му го покажа на ексминистерот за транспорт и врски Џемали Мехази, кој сведочше на судењето за Маџар Телеком.

Нон пејпрот кој предвидува исплатата на милионски суми според обвинителката произлегува од друг официјален документ, протокол за соработка помеѓу македонската влада претставувана од тогашниот премиер Владо Бучковски и Матав Маџар Телеком претставуван од извршниот директор Елек Штрауб. Со протоколот се договараат повеќе услови меѓу кои и закон подзаконски акти исплата на дивиденда на такса за фрекванција и слично. Обвинителката Стефанова го цитираше нон пејпрот во судница:

  • Дали ви е познато дека со тој документ е договорено страната Б Маџар Телеком да плати 7,5 милиони евра од кои што 2,5 на претставникот на страната А на Владата и 5 милиони евра на пријателите од Тетово, А.А. и М.Џ. Динамиката на плаќање ќе биде како што е договрено ќе биде 2,5 милиони евра на денот на потпишувањето на Протоколот, 2,5 милиони евра до 30 декември 2005-та и уште 2,5 милиони евра во јуни 2006-та година.

Мехази рече дека  овој нон пејпр ниту го видел ниту чул за него а за протоколот на кој стои неговиот потпис тврдеше дека не се сеќава на детали но не учествувал во негово составувањето на протоколот туку на барање на кабинетот на премиерот го потпишал како ресорен министер бидејки државата е акционер во Телекомот. Изјава не сакаше да даде.

Адвокатот на еден од тројцата обвинети, Ролф Плат член на тогашниот одбор на директори во Телекомот смета дека протоколот за соработка е во согласност со законите, но дека исплкањето на милионските суми како што предвидува другиот документ е незаконско. Сепак оценува дека овие докази се во корист на неговиот клиент и очекува сјо да го промени обвинението.

Следното рочиште е повикан клучниот сведок Слободан Богоевски кој направи пресврт откако даде изјава пред американските власти во процесот против директорите на Маџар Телеком. Во изјавата Богоевски сведочеше како се одвивала зделката и тврдеше дека била следена со закани и притисоци поради што доби и тужба за клевета од Али Ахмети и Муса Џафери.

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ