Словенија и Чешка ги поделија бодовите, Белорусија ја надигра Србија

Словенија и Чешка одиграа нерешено 26:26, во првиот меч од третото последно коло во Главната фаза од Групата 2 на Европското ракометно првенство во Хрватска, по вчерашните триумфи над Шпанија односно Македонија.

На мечот во Вараждин, Чешка го доби првото полувреме со 12:11 во кое имаше предност од четири и еднаш пет голови, а во второто Словенија успеа да се извлече од пораз. Во 43. минута Чешка повторно замина на плус 4 (20:16), за во следните шест минути Словенија со серија од 4:0 да го израмни резултатот (20:20). Во неизвесна завршница имаше и предност од 26:25, но конечниот резултат го постави Јакуб Хрстка со погодок на истекот од 58 минута.

Во ревијалниот натпревар на двете екипи од дното во Групата 1 во Загреб, Белорусија за првиот триумф во Главната фаза ја совлада Србија со 32:27.

Двојки 3. коло (Група 1):

Белорусија – Србија 32:27

Шведска – Норвешка 18:15

Хрватска – Франција 20:30 (пренос, ТВ Телма)

Двојки 3. кооло (Група 2):

Словенија – Чешка 26:26

Македонија – Данска 18:15 (пренос, ТВ Телма)

Германија – Данска 20:30

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ