Сликовницата “Иван и Илина” ги крши стереотипите за децата со Даунов синдром

Илина  е дете со даунов синдром, ученик е во основното училиште Јан Амос Коменски, но таа е и лик од оваа сликовница “Иван и Илина” која ја напиша нејзината мајка Мимоза Петревска Георгиева  која била инспиррирана од реалните случки на нејзината ќерка. Мимоза и Илина, по издавањето на оваа сликовница патуваат низ училиштата во државата каде што заедно ја промовираат сликовницата и ги рушат стереотипите за децата со даунов синдром. Мимоза вели дека оваа сликовница ја чувствувала како долг кој нејзината ќерка, со цел да остави некакво сведоштво за типичните деца за тоа како е да се има другарче со даунов синдром и да ги увери дека овие деца не се ништо поразлични од нив.

Мимоза вели дека во сликовницата обработува само дел од стереотипите и предрасудите со кои се соочуваат децата со даунов синдром.

А пример за тоа дека овие деца можат да постигнат многу повеќе е токму Илина, која што сега е деветто одделение во училиштето Јан Амос Коменски.

За вистинска инклузија на овие деца во системот, неопходно е менување на перцепцијата за нив, вели Мимоза.

Илустрациите во сликовницата ги нацрта Маја Стефановска и е поддржана од Министерството за култура.

 

Јордан Дуков

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ