
Следното рочиште за стечајот на Фени на 7-ми февруари
Стечајната постапка за комбинатот Фени се пролонгира за уште еден месец.Причина е жалбата што Кунико ја поднесе против решението за стечај а која сеуште се наоѓа во судот во Скопје што практично значи дека нема предмет по кој денеска требаше да се расправа.
Денешното рочиште за стечајот на Фени Индустри АД – во стечај, е одложено бидејќи не се исполнети законските претпоставки за одржување на Испитно рочиште и Извештајно собрание.Списите на предметот се пред Апелациониот суд во Скопје, вели стечајниот управник, Мирослав Анастасиевски.
Домашните и странските доверители, вработените и транспортерите кои присуствуваа на денешното рочиште излегоа разочарани од исходот. Иако не се дел од одборот на доверители бараат постапката да се забрза и сите вработени да бидат ангажирани од потенцијалниот инвеститор
Свој претставник во одборот на доверители немаат ниту транспортерите.Бараат состанок со вицепремиерот Анѓушев за да не бидатс тавени во ситуација повторно да ги блокираат патиштата На 60 компании кои со околу 300 камиони и вработени вршеле транспорт на руда за Фени, не им е платено уште од апрли минатата година а долгот се проценува на 4 милиони евра.
Новото рочиште е закажано за 7 фервуари кога треба да се знае дали комбинатот ќе се продаде или ќе биде издаден под наем , колкав е бројот на доверители и колкав е вкупниот износ на побарувањата кои се признаваат.Фени замина во стечај пред месец и половинаа досега само швајцарската фирма Фос Асет Менаџмент се декларираше како сериозне инвеститопр со депонирање на 3 милиони евра.
Виолета З Стојановска