
Слаб интерес за изборот на Совет за граѓански надзор
Слаб интерес на огласот за избор на Совет за граѓански надзор кој треба да ја контролира работата на Оперативната техничка агенција. Пријавени биле 8 кандидати, се избираат 7 членови, а еден од пријавените не ги исполнува условите. Меѓу оние кои конкурирале се Гордан Калајџиев, Маргарита Цаца Николовска, Александар Николов, Сашо Јанев, Филип Стојановски. Беса побара да се поништи огласот и да се распише нов затоа што не бил пријавен ниту еден Албанец. И ВМРО-ДПМНЕ смета дека е потребен нов оглас на кој би се пријавиле повеќе кандидати, додека СДСМ е за парцијално решение, да се изберат четворица, а за тројца дополнително да се распише огласот. Ова го оправдуваат со фактот што се ближат претседателските избори.
Изборот на Советот за граѓански надзор беше одложуван неколку пати. Како причина се наведуваше фактот што во огласот не бил наведен паричен надомест за членовите на ова тело поради што и интересот бил многу мал.
Јулијана Пешевска