СКСЗМ: Малите и средни фирми да се вклучат во Законот за поддршка на инвбестициите

Стопанската комора на северозападна Македонија го поздравува Законот за финансиска поддршка на инвестициите кој Владата неодамна го претстави на ЕНЕР, но има неколку забелешки, меѓу кои фактот што предложениот законски текст се објави со видливо задоцнување, фактот што тој можер да биде во судир со другите закони со кои се предвидува државна помош, а во него не е опфатена поддршката на малите, микро и средните фирми, што за нив создава простор за селективен пристап и правна несигурност.

Забелешка е и што со овој закон не е предвиодена надлежност на Комисијата за заштита на конкуренцијата, а не се опфатени и голем број сектори кои имаат значајно влијание врз бруто домашниот производ. Комората излезе со неколку препораки до Владата за подобрување на предлог законот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ