Скопското обвинителство ја расветлува смртта на родилката

Јавно обвинителска одлука во врска со смртта на родилката во приватна здравствена установа ­во Скопје ќе биде донесена по прибирање на потребната документација и по добивање на обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина.

– Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна известување од СВР Скопје во врска со смртта на родилката во приватна здравствена установа ­во Скопје. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредби за прибирање на потребната документација и податоци, соопшти Јавното обвинителство.

По разгледување и анализа на пристигнатиот материјал и по добивањето на обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, како што е посочено во соопштението, ќе биде донесена јавно обвинителска одлука.​

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ