
Скопското обвинителство должи 260.000 евра
Скопското основно обвинителство се соочува со извршители поради долгови кон институциите. Заклучно со крајот на август годинава обвинителстовто должи 260.000 евра. Најголем дел за вештачења на Bирото за судски вештачења и на приватни вештаци а помал дел или околу 1.300 евра си побарува и Идризово за транспорт на осомничени лица, потврдуваат од ОЈО скопје за Телма. Дополнитлено најголемото обвинителство во државата е во постапка пред извршување за долгови кон Институтот за судска медицина и бирото за судски вештачења.
Скопските обвинители останаа без возила за да одат на увид. Три од четири автомобили што ги поседува обвинителството се расипани а договорот за сервисирање е истечен, велат од ОЈО скопје.
Поради завршениот тендер за одржување на возилата тие не можат да бидат сервисирсани и стојат паркирани во подземната гаража. Освен да се стаса на увид проблем се појавува и со доставата на документи, вели шефот на скопското обвинителство Сашо Рајчев.
Обвинителите го користат моето службено возило за да одат на увид, но кога тоа не е слободно поради мои итни обврски, бараат од МВР да ги земат со нивните возила и заедно да одат на увид, за да се запази законската обврска за присуство на обвинител при увид на терен, објаснува Рајчев.
Првиот човек на скопското обвинителство во разговор за Телма вели дека се соочуваат и со сериозни кадровски проблеми, недостаток на дактилографи, стручни сорабтници и прашува за какви реформи во правосудството се разговара кога обвинителите имаат ограничени услови за работа.
Елена Ивановска Мукоска