Скопското Кале повторно арена на политичкото поткусурување

Од билборди и флаери, преку реклами во медиумите и на социјалните мрежи до ласерски проекции на слоганите од предизборните кампањи. Вчера вечер на скопското Кале осамна ласерски натпис „Зошто не“  – слоганот на капмањата која во моментов ја води ДУИ а која се однесува на избор на Албанец за премиер на државата.

Тврдината симбол на градот повторно стана арфена на политичкото поткусурување.

Без разлика дали станува за перформанс, герила акција или шоу, натписот беше проектиран на објект кој е под директна надлежност на Управата за заштита на културното наследство од каде велат дека се затечени.

Костов вели дека иако станува збор за неинвазивен проект  и настан според законите и прописите мора да се побара допзвола од Управата и дека тоа е лесна и брза процедура.

Граѓанска и натпартиска иницијатива а предизбоирна кампања е ставот на ДУИ кој се огради од било каква одговорност за вчерашниот настан исто како и за непријавената прослава на навивачката група „Шверцери“ во кој настрада Македонскиот народен театар а на која беа присутни високи функционери од партијата.

Со реакција се јави и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој потегот на ДУИ го оцени како ефтина приказна, ефтина политика и ефитна анимација. Неговиот статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ имаше голем број на реакции од симпатизери и членови на ДУИ меѓу кои беше и екс градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, кој повлече паралела со изборот на Барак Обама, првиот афро американец, за претседател на САД.

Шилегов и Меџити продолжија со меѓусебни прозивки за тоа кој колку сработил и колку е успешен градоначалник.
Според Шилегов, паралелата со Обама е обид да се сокрие сопствената неспособност – неасфалтирани улици и делови од Чаир кои сеуште немаат водовод или канализација.

Меџити не остана покус па проектот на скопскиот градоначалник го нарече „ефтина приказна“ и го обвини дека брзо го заборавил „Скопје 2014“ за што бил многу гласен додека бил во опозиција.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ