
Скопските средношколци нема да се гушат во загаден воздух додека се на часови
Со оваа мерка се пофали скопскиот градоначалник Шилегов, додека мерните станици мерат поголеми количества отрови од дозволеното во воздухот на отворено.
Со 190 илјади евра буџетски и донирани пари, 570 прочистувачи ќе бидат распоредени во училниците на сите скопски средни училишта.
Од Институтот за јавно здравје повикаа добро да се провери како функционираат прочистувачите и дали кога го филтрираат воздухот испуштаат и некои други штетни материи.
Мерката на Шилегов ја оценија како привремена. Му порачаа да не заборави на централните и долгорочни мерки.
Шилегов објави дека со прочистувачите во средните училишта се води борбата против загадувањето што за градот е стратешки приоритет.
Градинките и основните училишта не се дел од мерката, затоа што се под надлежност на општините.
Петар Догов