
Скопскиот стадион ќе се вика Национална Арена „Тоше Проески“
Владата на денешната седница одлучи да го преименува стадионот „Филип Втори“ во Скопје во Национална Арена „Тоше Проески“.
„На денешната редовна 129. седница на Влада донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја“, соопшти Владата.