Скопскиот аеродром пуштен за сообраќај откако авион пред полетување заглавил во нанос од снег

Скопскиот аеродром синоќа од 22:45 часот беше затворен за сообраќај, откако воздухоплов на компанијата „Германија“  тип Ербас 321 со околу 200 патници, пред полетување за Цирих заглавил во нанос од снег.

Претседателот на Управниот одбор и директор во МНА-В Николче Тасески изјави дека  е завршена операцијата за  одглавување на воздухопловот со помош на возила за push back од ТАВ.

-Во воздухопловот нема повредени патници и физички оштетувања на истиот. Компанијата го откажала летот и се очекува да биде реализиран во текот на денешниот ден, истакна Тасески. 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ