
Скопскиот аеродром ги прими последните патници
На аеродромот во Скопје, пристигна последниот лет. Тоа беа последните македонски државјани кои слетаа од Базел, Швајцарија, и ја напуштија аеродромската зграда. Согласно одлуката на Владата, како мерка за заштита од ширење на коронавирусот, аеродромот се затвара.
Претходно беше затворен и аеродромот во Охрид, „Свети Апостол Павле“.