Скопски пазар: Комората на трговци лажно обвинува

Скопски Пазар и другите организатори на пазарите ќе покренат тужба против Комората на Трговци. Претседателот Екрем Долек според нив врши притисок врз пазарџиите да се лиценцираат заканувајќи им се со казни и затворање на пазарите.

  • Организаторите на пазарите ќе ја разгледаат можноста за покренување правна постапка ,поединечна и групна кон Комората на трговци и Екрем Долек за лажно и неаргументирано обвинување и нарушување на угледот на Скопски Пазар и останатите организатори на пазарите. Долек не ги поддржува барањата на трговците, туку врши континуиран притисокот за вадење лиценци. Која е улогата на Комората која со сите сили се бори да ја задржи монополската позиција, не штитејќи ги интересите на членовите? Дали главната цел е прибирање средства од лиценци врз грбот на државата, трговците и организаторите на пазарите?, велат од Скопски пазар.

Организаторот на пазарите во Скопје тврди дека работи согласно законите и ги плаќа сите давачки кон државата.Демантира дека стои зад простестите, бидјеки против законот з апазари се протестираше во  речиси сите градови.Вчера претседателот на Комората Екрем Долек рече дека законот за пазари е прекрасен и дека за корисниците на тезгите не е проблем цената на лиценците.Ги обвини организаторите на пазарите за криминал.

  • Не е о прашање цената туку манипулацијата со луѓето од страна на организаторот на пазарите се маниупулирало со бројот на тезги, се криела вистинската бројка, но сега со лиценците се ќе излезе на виделина, ќе се дознае дека има голем криминал. Се врши притисок да не се лиценцираат, а Скопски пазар ги заклучи пазарите што е противзаконско, смета Екрем Долек, Комора на Трговци.

Пазарџиите го ставија протестот во мирување во очекување да се повлече законското решение.Тетовскиот пазар денеска беше полупразен.Трговците се жалат дека дополнителните трошоци ќе ги натераат да се откажат од работа на тезгите.

По силните реакции во јавноста дека новиот закон ја поттикнува сивата економија и ги осиромашува граѓаните,мнозинството во парламентот најави одложување на примената на законот до 1 септемрви заради негови измени.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ