
Скопската депонија „Дрисла“ и понатаму без газди
Со ѓубрето во Скопје не управува никој. Депонијата „Дрисла“ е со месеци без газда откако градскиот совет одлучи да ја одземе од италијанскиот концесионер ФЦЛ Амбиенте, а во правните битки го доби и германскиот конкурент „Шолц“.
Идејата на градоанчалникот Петре Шилегов да ја врати во сопствесност на градот како до пред 2013-та не му успева. Освен што се закани со тужба кон директортата на центарлниот регистар, тој изрази сомнеж дека усписот намерно се кочи.
Директорката на централниот регистар ексрпесно ги отфрли обвинувањата од Шилегов. Повикувајќи се на законите вели дека лично му обајснила, дека градот не може да се впише како сопственик, бидејќи во компанијата имала приватни вложувања од претходниот сопственик, и доколку постапи спортивно ги крши законите.
Во член 4 од Законот за јавните претпријатија постои законски основ да се изврши преобразба на јавно претпријатие во Друштво, но не и обратно како што бара градоначалникот. Ниту пак во Законот за трговски друштва се предвидени законски одредби кои дозволуваат преобразба/трансформација од ДОО во ЈП.
Бошковска – Јанковска наместо кривична му порача Шилегов да отпочне постапка пред судовите.
Централниот регистар не е институција која може да врши поништување на уписи, тоа е работа на судовите. Затоа го повикуваме и охрабруваме градоначалникот на Град Скопје да поведе постапка за ништовност на упис пред надлежниот суд, за која има законски основ.
ФЦЛ амбинети беше избор на претохдниот состав на советот кој за 5 години не ги волжи милионите кои ги вети. По доаѓањето на Шилегов преку судска разрешница шанса доби вториот понудувач. Избраниот концесионер Шолц не регистрирал правно лице кое ќе менаџира со Дрисла, па затоа Шиелгов и советот овој јули им ја одземаа можноста и решија претпријатието да се врати во раце на градот. И по осум години ветувања Скопје се уште нема модерна депонија, а сметот се напластува и закопува, а медицинскиот отпад се гори во дотраена печка.
Павле Беловски