Скопје секојдневно губи од урбаното зеленило

Ова е фотографија од центарот на Скопје, пред да започне изградбата на проектот Скопје 2014, а ова е фотографија од 2017 година по завршувањето на градењето на овој проект. Уништувањето на зеленилото е појава која континуирано му се заканува на граодот.  Повеќе мали паркови меѓу градските блокови во повеќе општини се претворија во градежни парцели на кои наместо дрвја никнаа административни, комерцијални или стамбени објекти.

Најсвеж е примерот со зградата кај “Мајчин дом” во општина Аеродром. Според последните проценки градот Скопје располага со површина од околу 650 хектари зелени површини. Согласно проекциите на ГУП за град Скопје до 2020 е предвидено зголемување на зелените површини, кое треба да изнесува 18,5 метри квадратни по жител. Меѓутоа, експертите кои се занимават со оваа проблематика велат дека се скептични дека Скопје ќе ја исполни оваа проектирана бројка.

Од град Скопје велат дека оваа година била посадена рекордна површина на зеленило во една календарска година. Велат дека особен акцент е ставен на засадувањето нови дрвореди.

„Градот Скопје  до крајот на годинава ќе подигне и реконструира 127. 883 метри квадратни нови зелени површини.. Само во пролетната акција беа засадени повеќе од 4000 нови дрвја, а со есенската акција која е во тек, до крајот на годината очекуваме да бидат засадени повеќе од 7000 нови дрвја“.

А граѓаните се согласни дека во градот нема доволно зеленило, но и дека тоа секојдневно се уништува за сметка на зградите и објектите кои се градат на негово место.

Европскиот просек на урбано зеленило е 25 метри квадратни по жител. Во битката со загадениот воздух неопхдно е да се користи моќта на урбаното зеленило кој квалитативно го чисти воздухот од гасовити и аеросолни влијанија.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ