Скопје седми најзагаден град во светот

Скопје денеска седми најзагден град во светот. Мерните станици мерат пикови на аерозагадување , а на врвот се најде Центар каде што мерната станица кај Рекоратот регистираше најголемо присуство на ПМ10 честички во воздухот три пати повеќе од дозволеното.

Според граѓаните вината е во пренаселеноста на главниот град и греењето на домаќинствата.

Власта и опозицијата постојано се препукуваат кој е виновен за загадениот воздух, но за сега нема податоци што точно загадува.

Освен Скопје, на листата загадени градови денеска се Приштина и Сараево, а вчера српската влада  за загадувањето ги обвини греењето во домаќинствата и сатрите дизел возила.

 

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ