
Скопје раздвижено по најдолгиот полициски час
По Велигденскиот карантин раздвижени луѓе низ скопските улици.
Дождот не ги спречи да излезат од своите домови по 85 часа полициски час и да ги обноват залихите , но сепак останаа дисциплинирани.
На растојание од 2 метри чекаа ред пред маркетите, месарите, пред банкоматите.
Врнеживото време денска сојузник и на правилото луѓето да не се групираат во поголеми групи. А ,скоро и да немаше човек кој не носи заштитна маска и ракавици.
Граѓаните велат дека ги подржуваат препораките задолжително да се носи маска и дека само така пандемијата побргу ќе си замине од државава.
На автобуските постојки повеќе има такси возила , а поретко автобуси кои од денеска ќе возат од 5 до 9 и од 13 до 16 часот.
Билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП ќе работат секој ден од 7.30 до 14 часот.
Инаку, од денеска не смее повеќе да има метеж и турканици во автобусите како што беше тоа до пред велигденските празници.
Патниците во возилата ќе мора да бидат на одредена раздалеченост.
За возачите што ќе возат со преполни автобуси ќе има и казни. На секој возач кој во автобусот ќе дозволи да се качат повеќе луѓе од дозволеното ќе треба да плати 250 евра казна.
Инаку за оние кои не успеаа навреме да излезат од дома и да купат што им е потребно, и понатаму можат да порачуваат онлјан од маркетите , аптеките и рестораните.
Ова е трета недела како Македонија живее со воведен полициски час. Забраната за движење неколку пати се зголемуваше .
Прво во Куманово, па потоа и на територија на цела држава.
Теодора Цветковска