Скопје пусто, со полициски пунктови не само на улиците, туку и на гробиштата

Неколку километри оддалечени, со различни аршини од владата, Скопје и околијата живеат во два различни светови. Скопаката наслеба Чаир која има најмногу жители заразени од корона вирус втор ден мирува во целосен карантин. Улиците и парковите се празни, а полициските возила и сирени ја параат тишината патролирајќи по населбата. Стравот од казни или опасносната од болеста се двете причини заради кои и жителите на Шуто Оризари само ѕиркаа од дворовите и прозорците на куќите, препуштајќи ги улиците на полицијата. Но, само неколку километри оттаму животот не запира, а жителите на селото Мирковци максимално ја користат слободата до 16 часот. Одлуката на владата општина Чучер Сандево и Сопиште да добијат скратен полициски час ја оправдуваат со тврдењето дека немат ниту еден заболен, а одговорно ги почитуваат мерките.

Стравуваат дека заразата може одново да им се врати, бидејќи владата им дозволи на илјадници граѓани да го напуштат Скопје и околината.

80-часовниот карантин дојде во пресрет на христијанскиот празник Духовден, кога се посетуваат гробиштата во спомен на починатите. Јавнсота ја брануваше дебатата дали ќе се повтори сценариото од Велигден и Рамазанските пости, по што земјата запдна во вториот бран од налетот на заразата.

Ако граѓаните останаа во своите домови, зголемените полициски аптроли ноќтта ја минале на улиците, а во раце им паднале дури 480 граѓани кои не носеле маски. Казни се подготвуваат и за 155 лица кои се шетале во полициски час. Најмногу од нив во Скопје.

По, критиките во јавноста дека полицијата затвора очи пред прекшителите на половина од најдолгиот полициски час, палвите униформи го проверуваа секое возило, секој пешак иако и овој пат несовесните не ги одложија своите навики за од понеделник и излегоа надвор непочитувајќи владините одлуки. Скопје е десеткувано, граѓаните масовно го напуштија, бидејќи освен Тетово и Тетовско, Скопје и околијата, Штип, Куманово и Липково останатите населени места имаат скратен полициски час од 16 часот попладне, и граѓаните можат слободно да се движат.

 

Павле Беловски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ