
Скопје на „слобода“ по првиот викенд-карантин од 61 час
Колку било тешко да се издржи 61 час затворени во домот покажува денешното однесување на скопјани. Градскиот кеј, парковите и тротоарите раздвижени како воопшто надвор да не демне опасносната од зараза.
Топлото време, долгата изолација за викендот ги поттикна граѓаните да им се вратат на старите заборавени навики- да се чита весник на клупа во парк.
Возрасните граѓани постојано гледаат во часовникот за да се повлечат навреме, родителите безгрижно ги рашетуваат најмалите, а оние со обврски итаат кон работните места.
Секој кој сака да земе здив во паркот жена борец, веднаш се соочува со забраните и владините мерки.
Долгиот викенд го истроши брашното, лебот е изеден, а сега одново во ред по намирници. Граѓаните имаат две опци или да нарачаат храна преку достава или застанат во долгиот ред пред некој до маркетите
Скопје изутринава се разбуди со неподнослеива реа од напластениот смет во контејнерите.
Сите се полни, а вината од комуналното претпријатие ја префрлија на владата, дека до денеска не им дозволувала да го чисти во две или три смени.
„Успеавме да издејствуваме владата да ни дозволи наместо во една смена, сметот да го собираме во две смени односно од 6 часот изутрина до 9 часот навечер. Тоа е двојно повеќе време, но е не е доволно ако се земе предвид дека во Скопје има повеќе од 6.000 контејнери, а до пред полицискиот час редовно работевме во три смени” – соопшти Комунална хигиена.
Контејнерите не ги полнеле само граѓаните кои задолжително беа дома туку и несовесни фирми кои го искористиле полицскиот час да се ослободат од големи колични смет.
Непослушници и викендов успеале да ги прeдизвикаат плавите униформи да приведат 134 скопјанец, а на вкупно 172-ца да им напишат сто глоби парична казна или една година затвор.
Изговорите биле најразлични, од тоа дека имаат потреба да завршат некоја неодложна обврска, па со до алкохолизирани граѓани кои нагрнале физички на полицајци.
Владата денеска ќе пресече дали од петок од 16 часот до вторник до 5 часот изутрина одново ќе ке го пвоотри викенд карантинот, идеја која неодмана ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Павле Беловски