Скопје на 6-то место по загадување на воздухот во светот

Синоќа, мерната станица кај ректорат, со 240 пм10 честички на кубен метар, што е околу 5 пати над дозволеното го смести Скопје на 6-тото место во светот по загаденост на воздухот.

На аерозагадувањето најмногу влијаат сообраќајот, домаќинствата кои се греат на дрва и јаглен и индустријата. Само во Скопје има 130.000 возила, додека голем број од индустриските капацитети од тешката индустрија се наоѓаат во самиот град или во негова близина.

Градот Скопје, соопшти дека презема долгорочни мерки како што се постапката на преземање на топлификационата мрежа, субвенционирање на печки што помалку загадуваат, зголемување на зелените површини, мапирање и чистење на дивите депонии, како и подобрување на велосипедската инфраструктура. А граѓаните на Скопје велат дека она што го

Аерозагадувањето во Македонија влезе и во фокусот на европските институции. Нацрт-извештајот за Македонија кој беше усвоен од Комитетот за надворшени работи на Европскиот парламент во последната точка напоменува дека

„Треба да се обрне внимание на екстремнотот загадување на воздухот во Скопје и другите многу загадени градови. Се повикува на ефективни акција за мониторирање на квалитетот на воздухот и негово подобрување“.

Јордан Дуков

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ