
Скопје и Софија сакаат што е можно побрзо да ги затворат историските прашања
Финиширање на работата на Комисијата за историските прашања и забрзување на проектите од Коридорот 8 за поврзување на Бугарија и Македонија, се дел од записникот на заедничката меѓувладина комисија на двете земји која го разгледува спроведувањето на Договорот за добрососедство, предводена од министрите за надворешни работи, Екатерина Захариева и Никола Димитров.
Захариева и Димитров ја пофалија работата на Комисијата, но очекуваат до крајот на годината да биде направен уште напредок.
„Историските прашања за нас се најважниот елемент од Договорот за добрососедство. Тие се темелите зошто треба да ги учиме младите на вистината. Денеска го усвоивме извештајот на Комисијата и констатиравме дека е направен напредок за Св. Кирил и Методиј, цар Самоил и други. Но ние како политичари сакаме да видиме уште повидлив прогрес што е можно побрзо“, рече Екатерина Захариева, министер за надворешни работи на Бугарија.
Таа притоа констатираше дека за жал и покрај напредокот Комисијата не постигната согласност за Гоце Делчев.
Димитров од своја страна рече дека работата на Комисијата е многу тешка и презеде лична заложба таа успешно да ја заврши својата работа.
„Сакам да ве уверам дека Северна Македонија е целосно посветена на овој процес. Јас лично сум убеден дека ова не е процес само заради што сме потпишале договор па сега ќе го просведуваме договорт. Ова е важно за нас самите, за нашата самодоверба и среење. Ќе го завршиме овој процес бидејќи занеме дека е важен и ќе го завршиме заедно со мудрост и со пријателство“, рече Никола Димитров, министер за надворешни работи на РСМ.
Тој рече дека процесот има многу наталожени слоеви, но оти веќе е почнат и е процес на зреење. Сепак предупреди дека постоат две закани за процесот – ако нема резултати и ако нема вистинско зреење на гледањето на историјата, но и денешницата.
Во делот на соработката на другите полиња Димитров рече дека работата на Коридорот 8 мора да се забрза за што поскоро поврзување, а како областа каде има голем напредкот во соработката меѓу Македонија и Бугарија го посочи туризмот.
Двајцата шефови на дипломатии потенцираа дека има голем напредокт во соработката меѓу двете земји, при што Захариева подвлече дека Бугарија ќе продолжи да ја поддржува Македонија и кон НАТО и кон ЕУ, за што според неа важно е Договорот за добрососедство да се почитува во духот на пријателството.
Тамара Грнчароска