Скопје го надигра Пелистер во дербито на дното, Шкендија по подолго време поразена

Скопје го прегази Пелистер и освои значајни три бода за опстанок во дуелот на двете последно пласирани екипи во Првата македонска фудбалска лига.

Покрај средбата на „Железарница“ попладнево се одиграа и другите натпревари од 31.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Со оглед на тоа што шампионот е одамна решен, интересно ќе биде до крајот кои екипи ќе ја напуштат лигата и кои ќе играат покрај Шкендија во евро-куповите.

Резултати 31. коло:

Скопје – Пелистер 4:0
Работнички – Шкупи 1:1
Ренова – Академија Пандев 2:1
Силекс – Вардар 0:2
Победа – Шкендија 2:1

Табела:

1. Шкендија 76 бодoви

2. Вардар 52

3. Силекс 45

4. Работнички 42

5. Ренова 40

6. Шкупи 37

7. Академија Пандев 36

8. Победа 32

9. Скопје 28

10. Пелистер 28

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ