
Скопје е раздвижен, но и ризичен град, заразата демне зад секој агол
Ова не е слика од дом за стари лица во Шпанија или Италија, каде што болеста ковид-19 ја нападна највозрасната популација и одзеде најмногу човечки животи. Ова е секојдневието на старите и изнемоштените лица во домовите во Скопје. Медицински нараквици, заштитна маска и еден и пол метар дистанца. Основните превентивни мерки против ковид-19 не се почитуваат онаму каде што последиците од болеста се најсериозни. Единствено пред камерата на Телма се почитуваше дозволата за прошетка на повозрасните лица од 67 години со дозвола на движење од 10 до 12 часот претпладне. Часот отчкува побрзо за Скопјани, кои итаат да ги завршат сите дневни обврски пред полицискиот час. Се купува храна, вода, и основни намирници. Редот е долг, времето кусо, а редарот строг.
Редици пред банка, редици пред аптека. Од спроти, опасноста од ширење на заразата демне без контрола
На мерките и препораките на владата им пркосат, пак, храброста и совеста на граѓаните.
Црвени и двокатни, и препознатливи за Скопје автобуси, но за прв пат претпладнево ја немаше нивната бучава. Автобускиот градски превоз изутринава превезуваше патници само неколку часа, и запре. Оттука секој кој има потреба си се снаоѓа сам. МВР, кажа дека не смее да се возат повеќе од тројца во еден автомобил, но укажувањето не стасало до сите граѓани.
Препораката е едноставна, а опремата евтина.
Скопје се затвора во 16 часот, по втор пат. За сите освен за лицата со попреченост и за оние кои ним им помагаат. Земјоделците од своите атари можат и по 16 часот да работат, а оние кои патуваат да извадат дозволи од подрачните единици на министерстовто за земјоделство. Фирмите со 3та и 4-та смена имаат право на дозвола, исто и пекарите, медиумите и здравствените работници. Болните кои имаат потреба од лекар нека ја носат документацијата со себе. Ако граѓаните не чуле или не знаат, 59 пунктови и 49 мобилни екипи од редовите на плавите униформи ќе ги проверуваат улиците на главниот град. За несовесните прекршители до 5000 евра глоба или една година затвор. Оние фирми кои побарале дозвола која не соодвестува со потребите на компанијата за работа по 16 часот, полицаец ќе дојде и ќе провери дали газдата се обидел да направи измама. Се огласија и телекомуниакциските оператори чиј што служби ќе сервисират во Скопје и по 16 часот.
Павле Беловски