Скопјани ги наполнија кафеаните на првиот ден откако повторно започнаа со работа

Видеата кои  беа споделени на социјалните мрежи минатата ноќ во некои угостителски локали  ги вознемирија и граѓаните и надлежните институции. Државниот пазарен инспекторат ги распореди своите екипи кои на терен ги опоменуваа сите кои не ги почитуваат мерките.

Се среќававме во локали каде што имаше жива музика. Дистанцата не се почитуваше. Некоја еуфорија или вистина не можам да кажам што е што ги понесе така да се однесуваат. Но една работа не можам да ја сфатам имаме наши сограѓани кои се борат за живот, а ние да се однесуваме како да славиме е нелогично.  Свеста на граѓаните треба да е на повисоко ниво, вели Мери Проја Продановска, раководител на инспекцискиот надзор во Скопје.

Разочарувачки е начинот на кој некои угостители се однесуваа кон инспекторите кои беа навредувани, но и гостите во нивните локали со истите навреди, вели Пауновски.

Сепак ваквите слики не ја одразуваат и атмосферата во некои локали кои ги почитуваат мерките. За угостителите кои во најголем дел ги почитувале мерките дискутабилен е начинот на кој се регулирани правилата и има многу нелогичности.

Нас ќе ни биде многу тешко да ги примениме истите затоа што едноставно не можеме да знаеме кога се групите фамилија кога не се може има некој што се фамилија , а немаат исто место на живеење или исто презиме. И треба да се постигне подобро дефинирање на тие правила.   Вториот дел е дека многу од локалите не ги почитуваат истите. Мислам дека долгорочно ќе страдаме поради одредени локали.

Моментално ни пречи дека владата и Комисијата не ги допрецизираше бидејќи ако некоја кафана имаше панел ставено нема потреба од 2 метра дистанца. Затоа што ние со панелите физички ги одделуваме луѓето. Ние не можеме да бидеме полицајци и да ги легитимираме нашите гости и д аим бараме лични карти немаме право тоа да го правиме.

За ваквите забелешки Пауновски смета дека протоколите ги носи Комисијата за заразни болести и Владата, но тука учествуваат и Синдикатите на угостителите.

Долга е ноќта велат инспекторите и таа најдобро ќе покаже колку сме свесни за колективното и индивидуално здравје.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ