Азески: Позициите на државата и приватниот сектор се многу оддалечени

Острите реакции на компаниите на денешното објавување на сетот на економски мерки само ја потврди јавната изјава на претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески дадена во неделата дека позициите на јавниот и приватниот сектор се многу оддалечени – стои во реакцијата на Стопанската комора на Македонија, по денешното објавување на економските мерки од страна на Владата.

„Потребни се максимални напори на тешко преговарање да се дојде до најдоброто решение затоа што во меѓувреме работите се менуваат од час во час. Најдобра потврда за тоа е состојбата со автомобилската индустрија во Европа, што укажува на сериозноста на кризата и на одговорноста која ја носиме. Затоа, најдоброто решение е на стопанските субјекти јасно и недвосмислено да им се предочи дека со сите средства кои стојат на располагање државата на краток рок ќе го сочува бизнисот и компаниите, за тие да ја сочуваат нејзе на среден и долг рок.“- стои во соопштението на СКМ.

Ова не е работа за која што сме ние виновни, но е работа за која што сме одговорни. Да ја изведеме со најголем степен на ризик, затоа што само така можат последиците да бидат помали, велат од комората.

„Втората работа која што треба да се нагласи во овој момент е дека не треба да има недообјаснети формулации. Јасно треба да се каже дека ќе се употреби сè да ја совладаме оваа огромна опасност и по нашите животи и по опстојувањето на бизнисот. Се разбира дека после тоа ќе се седне и повторно со преговори ќе се најде начин да се надомести направената штета. Ова не е работа за која што сме ние виновни, но е работа за која што сме одговорни. Да ја изведеме со најголем степен на ризик, затоа што само така можат последиците да бидат помали.“- стои во соопштението.

Заради заедничко утврдување на клучните приоритети за што поуспешно справување на македонската економија со тековните состојби, Стопанската комора на Македонија во четврток и петок ќе организира состаноци помеѓу компаниите-најголеми извозници во македонската економија со директорот на Царинската Управа, и на претседателите на здруженијата според дејности со креаторите на економските политики.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ