Склучени повеќе од 50 бракови во Скопје од почетокот на корона кризата

Зад овие прозорци, Аце и Наташа Шекеровски од Скопје , денеска на Ѓурѓовден го кажаа судбоносното „ да“. Тие се еден од паровите, кои по повеќе месеци љубовна врска,  го регистрираа граѓанскиот брак во Управата за водење матични книги, зашто поради пандемијата, Порта Македонија е затворена.

  • Супер е чувството сега по 6 месеци , заедно. Свадбата ќе биде во септември. че има до 200 гости, а сега скромно. Полициски час е од 19 часот, па дури можеме сега ќе прославиме. И во комплетен аутфит во контекст на заштитните мерки- Аце и Наташа Шекеровски-младенци.

Од почетокот на вонредната состојба во март, до сега, расте бројот на регистрирани граѓански бракови, велат матичарите.

  • Повеќе од 50 има. Да. Некои од љубопитност, во време на корона, во време на пандемија, сакаат да си го склучат бракот. Мешани бракови, кога едниот брачен другар е странец , па за да си го средат престојот во државата, бремена невеста , да не биде бебето вонбрачно, свадбите си ги одложуваат- Цена Ангеловска- матичарка.

Не сите држави одговорија еднакво на потребата за склучување бракови во време на корона кризата.

Во актуелнава вонредна состојба , кај нас браковите се склучуваат со физичко присуство само на младите и на сведоците. А, некои земји во светот воведоа склучување бракови преку видео конференциска врска или на отворен простор.

Во државата Њујорк, една од најпогодените од корона вирус во САД, гувернерот Ендрју Комо на 18 април им издаде извршна наредба на матичарите да издаваат изводи за склучени бракови на далечина и да ги вршат церемониите преку видео конференциска врска.А, свадбите со многу гости во Индија, се заменети со публика преку мобилни телефони и таблети.

Сотир Трајков

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ