Скарите традицонално распалени за 1-ви мај

Додека синдикалците маршираа по скопските улици барајќи подобри услови за работа, повисоки плати и повеќе права, голем дел скопјани за 1 мај денот на трудот одлучија да одморат и да си посветат време на себе. Чадот од скарите на Водно, Треска, Матка можеше да се забележи оддалеку. Со музика и мезе и неврзан разговор денот на трудот ќе мине кај овие граѓани.

1 мај. Излетничките места во Скопје се традиционално полни. Некој на протести некој на скара. За работничкиите права секогаш може подобро да се дискутира со пријателите со топла скара и со ладно пиво.

Облаците над Скопје не ги поколебаа граѓаните, па до некои од излетничките места воопшто и не можеше да се стигне со возило. Автомобилите беа паркирани стотици метри пред езерото Треска и Матка.

Повеќето од излетниците не беа расположени да разговараат околу статусот на работниците во Македонија. Некои пак се убедени дека со протестите нема ништо ниту да сменат, ниту да се смени. Затоа како подобра опција за денес избрале пикник и скара.

Иако сите велат дека се потешко врзуваат крај со крај и дека и оваа скара за некого претсетавува луксуз на традиоционален пикник сепак мора да се оди.

 

Огнен Чанчаревиќ

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ