
Скапароти: Со нетрпение очекувам да станете 30 членка на НАТО
Со показна вежба денеска АРМ го пречека и се претстави пред првиот човек на врховната команда на НАТО за Европа и на командата на американските сили во НАТО Европа, генерал Кутрис Скапроти кој ги пофали македонските сили велејќи дека се добро тренирани и ги користат НАТО стандардите и процедурите.
„Со нетрпение очекувам да станете 30 членка на НАТО“, рече Скапароти.
Скапароти кој во земјава беше пречека со највисоки почести од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на што присуствувале и началникот на генералштабот генерал Методија Величковски, ја пофали земјава дека направила значаен напредок во реформите во одбраната и армиската интеоперабилност со Сојузниците во Алијансата, но оти истовремено НАТО препознава дека пред земјата се уште престојат предизвици и многу работа.
„Убедени сме дека адресирањето на овие предизвици и успешното пристапување кон Алијансата ќе имаат исклучителна полза за вас. Земјите кои се приклучиле на Алијансата успеале да ја зајакнат својата демократија, да ја унапредат безбедноста и да го направат животот на нивните граѓани посигурен“, рече Скапароти.
НАТО, рече Скапароти, со здоволство ќе обезбеди практична поддршка на македонските воени авторитети во процесот на пристапување.
Скапароти кој во текот на своето обраќање цело време земјата ја ословуваше со Скопје и ниту еднаш не го употреби името поранешна југословенска Република Македонија, ја поздрави подготвеноста на земјава да преземе лидерство во Западен Балкан преку регионални иницијативи за продлабочување на соработката и безбедноста, што, како што рече ја прави евро-атлантската зона побезбедна и посигурна.
„Сакам да се заблагодарам на Скопје и неговите граѓани за придонесот во споделената безбедност. Вашата земја гради светла иднина и напредува“, рече Скапароти.
Шекеринска во своето обраќање акцент стави на посветноста на Македонија за членство во НАТО за што како клучен чекор го посочи референдумот за името.
„На референдумот очекуваме граѓаните да го препознаат својот интерес, на држават и на идните генерации и да гласаат позитивно. Изборот е јасен – иднина или изолација. Членство во НАТО или ЕУ или уште една изгубена деценија“, изјави Шекеринска.
Таа му се заблагодари на Скапароти за подготвеност НАТО да и ја деде на земјава сета поддршката овие финаллни чекори за членство да бидат брзи, квалитетни и успешни.
Скапароти освен што имаше, како што рече, продуктивна работна средба со Шекероинска и Величковски, попладнево имаше средба и во владата со премиерот Зоран Заев.
Тамара Грнчароска