СЈО упадна во А.Д. „Мaкедонска пошта“

Финансиски извештаи и правна документација од просториите на А.Д. „Макеоднска пошта“ била целта на истражитлите на Специјалното јавно обвинителство. Обвнители од тимот на Катица Јанева синоќа упаднале и го чешлале објектот на „Македонска пошта“, но што подигнале оттаму се уште е тајна.

Одземените материјали се поврзани со криминал сторен во друга државна институција. Истражителите не сакаат да откријат повеќе, бидејќи ја штитат истрагата, а единствена потврда е дека имаат индиции за сторен криминал. Неофицијално, точно е дека СЈО отпочнала предистражна постапка.

Акционерското друштво за поштеснки услуги не беше споменато во ниту една т.н. „опозициска бомба“ детонирана во јавност. Што има во останатите стотици илајди аудио-материјали, Јанева и тимот не обелоденија во целост, постојано тврдејќи дека се уште се истражува можен криминал на највиоско ниво.

Генерланиот директор на „Макеоднска пошта“ не одговара на повиците за да одговори кои материјали ги одзеле обвинителите, и што има на нив. Фадиз Реџепи поштите ги води како кадар на партијата ДУИ која неколку пратенички мандати го добива ова пратперијатие при коалицините догвори и во оваа и во претходната власт. Акционерското друштво  со години го раководеше Рафиз Алити, човек близок до претседателот на партијата Али Ахмети, во чиешто време дисперзираните пошти беа ограбувани, милионски суми никогаш не беа пронајдени, а најчесто сторителите не беа изведени пред лицето на правдата.

Пред 5 години главното седиште во Центар се запали и гореа важни документи за по неколку месеци истрагата да покаже дека осигурувањето на објектот не било плаќано редовно, а тендерот за осигурителна компанија се бираше, месеци по пожарот.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ