
СЈО со нова истрага за приватизација на „Поштенска Банка“
Тројца од девет осомничени за перење пари во нов истрага на СЈО под името „Поштенска банка“ денеска беа приведени и изнесени пред судија во претходна постапка. Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски се сомничат за перење пари со незаконска приватизација на „Поштенска банка“, за која пак за злоупотреба на службена должност осомничени се и поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, тогашните вицепремиер Марјан Ѓорчев и министер за финансии, Никола Груевски, но за кои делото е застарено и неможе кривично да бидат гонети.
Груевски и Георгиевски денеска се огласија велејќи дека не учествувале во приватизацијата на „Поштенска банка“.
Груевски на фејсбук напиша дека како министер немал ингеренции да учествувам во тоа за што е споменат од СЈО во истрагата за „Поштенска банка“.
„Ниту како министер сум имал ингеренции да учествувам, ниту најголем дел од луѓето во тоа време лично сум ги познавал, ниту знам што и дали воопшто имало нешто противзаконско, ниту пак на било кој начин сум учествувал“, напиша Груевски.
Георгиевски во реакцијата вели дека нема ништо со приватизацијата на „Поштенска банка“. Георгиевски на својот фејсбук профиол напиша дека пре неполна година бил повикан во СЈО каде му била презентиран разговор на Главчев со висок функционер од власта прит што го споменува и Никола Груевски кој како дел од првата влада побарал од него да учествува во приватизацијата на Поштенска Банка. Според Георгиевски, осомничениот Главчев, трипати ја менувал изјавата во СЈО за неговата инволвираност како тогашен премиер во приватизацијата. Георгиевски притѕоа наведува дека сите други обвинети негирале дека никогаш со него воделе разговор за приватизацијата на Поштенска Банка.
„И тогаш пред СЈО и сега пред јавноста недвосмислено изјавувам дека немам ништо со приватизацијата со Поштенска банка а уште помалку со второто дело за кое ги товарат. Се работи за јасни постапки на приватни бизнисмени каде што целиот интерес профит е за нивните фирми. Од сите обвинети личности во животот едно пиво се немам напиено“, напиша Георгиевски.
Според истрагата на почеток на 2001 година Георгиевски, Ѓорчев и Груевски со цел да го контролираат фактичкото функционирање на „Поштенска банка“, организирале во основањето на Банката, покрај „Македонска пошта“, да учествуваат и правните лица кои тие ги избрале – „Ноел Експорт импорт“ од Гевгелија на Главчев и печатница „Европа 92“ од Кочани на Димитровски и тоа без учество со сопствени стедства туку со пари од кредити како основачките влогови, што е спротивно на Законот за банки. Тие потоа кредитите за основање на „Поштенска банка“, ги отплатиле со кредит подигнат од истата „Поштенска банка“ што им го овоможил генералниот директор на банката Коле Смилевски.
За да ги прикријат парите од незаконски добиени кредити, како и незаконските акции Главчев и Димитровски подигнале кредит во друга банка заложувајќи ги акциите, кој откако не и бил вратен го активирала обезбедувањето на кредитот и станала акционер во „Поштенска банка“. Со тоа според истрагата на СЈО Главчев и Димитровски го прикриле противправно потекло на акциите и кредитите од „Поштенска“ за што се обвинети за кривично дело перење на пари.
Со цел да извлечат уште пари од Банката Смилевски, Главчев и Димитровски направиле обид за докапитализација на Банката преку втора емисија на акции за однапред познати купувачи. Тоа не било одобрено од Народна банка бидејќи управителите на „ГД Тиквеш“ Кавадарци, „ГП Бетон“ Тетово, „МИК“ Кавадарци, „Венгал“ Скопје, „Езимит Груп“ Штип и „Жито Скопје“ – се обиделе акциите да ги купат од средствата на истата банка. И покрај тоа Смилевски ги обештетил управителите на овие компании со по 13 милиони денари иако не претрпеле никаква штета. СЈО невдува дека управителите на компаниите знаеле дека договорите се фиктивни, но дејствувале како членови на група што се занимава со перење на пари.
Тамара Грнчаровска