СЈО со две нови обвиненија за „азилантот“ Груевски

СЈО поденесе  две обивненија за случајот Талир во криивчниот суд. Едното е за незаконско финансирање на партијата а другото за незаконсака изградба на партиското седиште. Обивнети се  Никола Груевски, и поранешните партиски функционери Кирил Божиновски, Миле Јанакиекси, Илија Димовски, Елизабета Чингаровска.

4, 6 милиони евра незкаонски легнале на сметката на ВМРО – ДПМНЕ од 2009 до 2015 открива СЈО во најновото обивнение за случајот Талир. Првообивнет за перење пари и злоупотреба на службената положба е експрмеиерот Никола Груевкси кој е во бегство. Според СЈО на Груевски му помагале Кирил Божиновски и Миле Јанкиески кои вршеле притисок на фирми што добивале тендери од државата да обезбедат финансиски средства во кеш за финансирање на ВМРО – ДПМНЕ.

Со цел да се прикрие дека ваквите средства потекнувале од кривично дело, обвинетите Никола Груевски и Кирил Божиновски, а во периодот од 2011 до 2015 година и обвинетите Миле Јанакиески и Елизабета Чингароска, организирале средствата да бидат уплатени на жиро сметката на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ преку готовински уплати на ПП10 уплатници во кои биле внесени невистинити податоци дека уплатата ја вршат лицата наведени во уплатниците, иако тоа не било случај, се вели во обвинението на СЈО.

Потоа овие пари Илија Димовски, Елизабета Чингаровска, Леко Ристовски  и Миле Јанакиески  како овластени потписници на партиската сметка ги пуштиле во оптек, односно со нив плаќале сметки и купувале недвижен имот за партијата, стои во соопштението од СЈО, обвинета е и партијата.

Второто обивнение за Талир е против Груевски и Божиновски, а се однесува на изградбата на „белата палата“ на ВМРО – ДПМНЕ. Според СЈО партијата добила незаконски добила имотнак орист од 8, 2 милиони евра.

Елана Ивановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ